Поддршка
Во вашиот договор стои ставка за податоции за најава која се внесува на рутер како PPPoE конекција
Доколку немате WiFi на Вашите уреди: потребно е рутерот со адаптерот да го исклучите од електричното напојување, по 5 мин го вклучувате и доколку повторно нема, се јавувате кај нашите оператори во call centar
- Прво проверувате дали Ви е платена сметката за тековниот месец.
- Брзината и стабилноста на интернет конекцијата се гарантира исклучиво преку кабел, додека преку wifi, истата не се гарантира (Вашиот уред има зрачење максимум од 3 – 5 метри) доколку сакате поголем домет потребно е да ставите Ваш дополнителен рутер.
Прескенирање на каналите на CAМ модул се прави на следниов начин: Потребно е да влезете во менито преку далечинскиот управувач на вашиот телевизор , на автоматско целосно пребарување на каналите DVBC (кабел). Земја: Финска,Холандија. Фреквенција: Почетна фреквенција: 634000 МHz Крајна фреквенција :754000 MHz…………
Потребно е да се направи проверка дали картичката е правилно вметната во телевизорот.
Во ресиверот потребно е да ја вметнете картичката со чипот нагоре.Со CAM модул ,потребно е да ја наместите картичката со чипот на задната страна од телевизорот.
НАЈДОБРО е ова да го пријавите во call центарот и да се сработи од страна на нашите екипи.